Нов интернат во Заводот „Кочо Рацин“

Нов интернат во Заводот „Кочо Рацин“

 

 На 8 септември  во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ на свечан начин беше предаден нов интернат кој е холандска донација и во кој покрај 82-те деца од Заводот, ќе можат да се сместат и поголем број други деца со оштетен слух од нашата земја .На присутните им се обрати Градоначалникот Талески, а  присуствуваа и  заменик министерот за образовани и наука г. Тале Герамитчиоски, г.Тон кеслер претседател на фондацијата „Холандија-Македонија“ и др. гости. Новиот интернат располага со најсовремена кујна со трепезарија, најразновиден инвентар и наставни помагала и изграден е спортски центар.