НАЈСРЕЌНИОТ НА ВОДИЦИ НАГРАДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

НАЈСРЕЌНИОТ НА ВОДИЦИ НАГРАДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

23 годишниот Александар Пинзовски кој на Водици го извлече светиот крст од водите на базенот во храмот Свети Великомаченик Димитриј денес оствари средба со градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. Пинзовски од градоначалникот доби икона со ликот на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски и парична награда за која Пинзовски најави дека ќе биде донирана.