УРНАТА СО ПЕПЕЛТА ОД БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ БЕШЕ ПРЕНЕСЕНА ВО СКОПЈЕ

УРНАТА СО ПЕПЕЛТА ОД БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ БЕШЕ ПРЕНЕСЕНА ВО СКОПЈЕ

Со високи почести Градоначалникот Талески, заменикот претседател на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија Панде Лазаревски, единствениот преживеан Евреин од Битола Мојсие Салиевски, како и гости од државата и странство,  ја испратија урната со пепелта на битолските Евреи, жртви чии животи во 1943 година згаснаа во нацистичкиот логор Треблинка. Урната ќе биде сместена во Меморијалниот центра во Скопје.