АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ ВО НАС.ДОВЛЕЏИК

АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ ВО НАС.ДОВЛЕЏИК

 

Во населбата Довлеџик решен е долгогодишниот проблем со раскопаните улици за што жителите на оваа населба изразија голема благодареност до Градоначалникот Талески. Интервенирано е во подземната инфраструктура, водоводна, одводна, атмосферска и фекална канализација во вкупна должина од околу еден километар и во истата должина извршено е асфалтирање на улиците. Вкупната финансиска конструкција за оваа интервенција во населбата Довлеџик е околу 20 000 000 денари.
„Мислам дека е голема придобивка затоа што со интервенцијата на самиот влез се појави потреба и за интервенција во подземната инфраструктура и затоа изработивме проект за целата населба, вклучувајќи и асфалтирање на коловозот”, изјави градоначалникот Талески на денешната средба со новинарите.
Градоначалникот информираше дека од денеска се интензивираат и активностите на ГП Гранит кои беа попречувани од временските услови. Продолжуваат активностите на улицата Иван Милутиновиќ, како и на останатите улици кои се дел од големиот пакет улици предвидени за реконструкција во оваа градежна сезона.