ПРОСЛАВЕНИ 33 ГОД. ПОСТОЕЊЕ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

ПРОСЛАВЕНИ 33 ГОД. ПОСТОЕЊЕ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во присуство на голем број  гости од битолскиот и соседните Универзитети, Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, Градоначалникот  Талески, претседателката на Советот Анѓелевска беше  прославено 33 годишното постоење на битолскиот универзитет.
Исто така беа промовирани и тројца почесни професори. Проф. Д-р Џемал Талуг, Ректор на Универзитетот во Анкара, проф. д-р Џонатан Елис, научник во ЦЕРН, Женева, како и академик Горазд Росоклија, од Универзитетот Колумбија во Њујорк, инаку Македонец по потекло.
Во рамките на прославата, беше потпишан и договор за соработка меѓу битолскиот универзитет и Тракискиот универзитет од Стара Загора, Бугарија