ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА СТРЕЛАНАТА ВО НАСЕЛБАТА ЗЛАТЕН РИД ВО БИТОЛА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА СТРЕЛАНАТА ВО НАСЕЛБАТА ЗЛАТЕН РИД ВО БИТОЛА

Градоначалникот на општина д-р Битола Владимир Талески денес ја пушти во употреба стреланата во населбата „Златен рид“ во Битола, со што е исполнето ветувањето кон параолимпијката Оливера Наковска Бикова, но и кон другите љубители на стрелаштво од опшината кои исто така ќе можат да ја користат стреланата.
 
Инвестицијата за овој проект  е на локалната самоуправа и изнесува 1 300 000  денари. Стреланата  ја отворија градоначалникот Талески и параолимпијката Наковска – Бикова, а на настанот присуствуваа и претставници од другите клубови во Битола.
 
„На златната шампионка Оливера Наковска Бикова и ветивме дека ќе и ги подобриме условите за максимално добри тренинзи. Новата спортска стрелана е на две нивоа, на првото ниво се поставени 10 стрелачки мети/цели, а на второто ниво ќе бидат поставени електронски мети/цели. Но, освен Оливера во овој спортски објект ќе може да тренираат и други спортисти, а ние посебно очекуваме посебен интерес да искажат младите. Се воодушевуваме на успесите на Оливера Наковска Бикова и затоа инвестиравме во ваков објект“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
 
Оливера Наковска Бикова во моментов се подготвува за повеќе натпревари, а новите услови ќе и увозможат успешни подготовки:
 
„Условите за тренирање се одлични, а во споредба со досегашните се неспоредливи. Во новиот објект ќе можам непречено да се подготвувам за претстојните натпревари, истакна параолимпијката и светска рекордерка во стрелање со воздушен пиштол Оливера Наковска Бикова, нагласувајќи ја својата огромна благодарност до градоначалникот за неговото исполнето ветување.