ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ДИСКУСИЈА ЗА ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ДИСКУСИЈА ЗА ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Во салата на Советот на општина Битола денес се одржа презентација и дискусија за предлог стратегијата за млади на Општина Битола. На презентацијата присуствуваа претставници од центарот за меѓукултурен дијалог, агенцијата за млади и спорт и градоначалникот на општина Битола. Оваа стратегија која треба да ја усвои Советот на општината Битола ќе овозможи вклучување на младите во процесот на креирање на одредени политики и младинско одлучување, односно континуиран влог во креирањето на својата иднина.