КАКО ДА ЈА ПРЕЧЕКАМЕ НОВАТА ГОДИНА ПОЧИСТА?

КАКО ДА ЈА ПРЕЧЕКАМЕ НОВАТА ГОДИНА ПОЧИСТА?

Со цел ефикасно менаџирање со отпадна амбалажа, од основното училиште „Стив Наумов“ започна имплементацијата на проектот во чија што реализација партнери се општина Битола, основните училишта од битолскиот регион кои се вклучени во проектот на Асоцијацијата Петра, невладината организација Биосфера и компанијата што ја откупува пластичната амбалажа Еко Пет. „Како да ја пречекаме Новата година почиста“ беше насловот на денешниот настан кој се одржа во ОУ Стив Наумов, а на кој присуствуваше Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески и претставници на другите партнерски организации, а учениците преку посебна свеченост ја покажаа својата креативност и стекнатите знаења. Во рамките на денешниот настан беа изложени експонати изработени од пластика, музичка точка и организирано собирање на ПЕТ амбалажа.
Целта на настанот е решавање на еден траен проблем кој е поврзан со пластичниот отпад и давање придонес кон одржливиот систем кој што го промовира проектот, како и селективно собирање на пластичен отпад во основните училишта.
Во рамките на проектот ,,Креирање и поставување на интегриран систем во основните училишта“ во изминатиот период во ОУ Стив Наумов реализирани се повеке активности за собирање и откуп на отпадна ПЕТ пластична  амбалажа како: оформување на тричлено координативно тело, поставување на 2 апарати во ходниците на училиштето за пресување на пластични шишиња., информирање на учениците и наставниците за активностите преку соопштение низ сите паралелки, презентација и давање насоки за користење на апаратите, одредување на термин за обработка на пластичната амбалажа, поставување на платнени вреќи во кои ќе се собира пресуваната амбалажа и  продажба на пресуваната отпадна амбалажа.