ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, оствари традиционална средба со претседателите на месните и урбаните заедници. Средбата се одржа традиционално – на Стара Нова година – Василица, а истата беше искористена покрај за меѓусебни честитки и за разговор на претседателите и градоначалникот за идните планови и проекти кои ќе се реализираат во урбаните/месните заедници.