ОПШТИНА БИТОЛА ОРГАНИЗИРА СПОРТСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

ОПШТИНА БИТОЛА ОРГАНИЗИРА СПОРТСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Во организација на Општина Битола, УНДП и невладината организација Стоп – Нус, се организира спортски трурнир во мал фудбал, во рамките на проектот „Подобрување на човечката безбедност во Општина Битола“. На турнирот учествуваа 4 екипи: екипа на Секторот за внатрешни работи – Битола, екипа на полициските станици од Кажани, Кременица и Велушина, екипа од Општина Битола и ФК „Златни деца“ од с. Егри. Општина Битола на секоја екипа му даде благодарница за учеството на турнирот, а победничката екипа ФК “Златни деца“ од село Егри доби и пехар.