СЕМИНАР “РОДОВО БУЏЕТИРАЊЕ: ОД ТЕОРИЈА ДО ПРАКСА“ НА СОВЕТ НА ЕВРОПА ВО БИТОЛА

СЕМИНАР “РОДОВО БУЏЕТИРАЊЕ: ОД ТЕОРИЈА ДО ПРАКСА“ НА СОВЕТ НА ЕВРОПА ВО БИТОЛА

 

   Битола на 4 и 5 ноември беше домаќин на семинарот на Совет на Европа  „Родово буџетирање од теорија до пракса” во организација на МТСП Општина Битола Советот на Европа и Меѓународната  Организација на Франкофонија.
Семинарот го отворија  Министерот за труд и социјална политика Г-дин Џељаљ Бајрами и Градоначалникот на Битола Г-дин Владимир Талески.

Целта на овој семинар кој се организира во рамки на претседавањето на Република Македонија со Комитетот на Министри на Советот на Европа е да ги надгради сознанијата и заклучоците од Европската конференција посветена на ова прашање, што се одржа во Атина (5-6 мај 2009 г.) но исто така да ги продискутира и заклучоците од регионалната конференција организирана во март 2010 год. во Скопје во соработка со УНИФЕМ.