ОТВОРЕН „ЗЕЛС ЕКСПО 2009“

ОТВОРЕН „ЗЕЛС ЕКСПО 2009“

На петтиот саем на општините од Македонија во организација на “ЗЕЛС“ под наслов “ЗЕЛС Експо 2009“ се претставија повеќе од 50 општини. Саемот за отворен го прогласи премиерот на Владата на РМ, Никола Груевски, а покрај него на свеченото отворање зборуваа и американскиот амбасадор во РМ, Филип Рикер, претседателот на Задницата на единиците на локалната самоуправа, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и евро-амбасадорот, Ерва Фуере.
„ЗЕЛС ЕКСПО 2009“ годинава се организира под мотото “Фискалната децентрализација и улогата и можностите за општините во Република Македонија“.
Една од темите на петтиот саем е и руралниот развој и начините за искористување на средствата од ИПАРД програмата.
На саемскиот простор Општина Битола можеа да се видат сите награди кои ги има освоено општината во изминатите години, а беа прикажани и неколку документарни филмови за Битола.