ОТВОРЕН ШЕСТИОТ ПО РЕД САЕМ НА КНИГАТА ВО БИТОЛА

ОТВОРЕН ШЕСТИОТ ПО РЕД САЕМ НА КНИГАТА ВО БИТОЛА

Во организација на Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Битола, по шести пат се отвори саемот на книга на платото пред Народниот театар. Саемот го отвори Градоначалникот Талески  кој истакна дека ваквите манифестации се вистинска можност за љубителите на книгата да можат да купат книги од своите автори по пониска цена од вообичаените.