ГРАДСКИ СЕЛСКИ ВЕЛИГДЕН ВО ЈЕНИМААЛЕ

ГРАДСКИ СЕЛСКИ ВЕЛИГДЕН ВО ЈЕНИМААЛЕ

Традиционално и оваа година во Јенимаале се одбележа Градски Селски Велигден. Многубројните гости ги поздрави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески, на кого жителите на УЗ Јениамаале му врачија благодарница за неговата голема и континуирана поддршка.

Културно – уметничката програма беше збогатена со настап на КУД “Илинден“, Софија Кочовска, Бојан Стојков и Димитар Андоновски, а на спортскиот терен “Кајнак“ се одржа и пријателски фудбалски натпревар помеѓу ветераните на ФК Пелистер предводени од Тони Мицевски и Митко Стојковски со екипата на Јенимаале.