ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Традиционално и оваа година, со положување цвеќе кај Рускиот крст во Битола беше одбележан денот на руската дипломатија. Ваквото одбележување е симбол на долгата традиција кои што постои помеѓу Македонија и Русија.
Амбасадорот на Русија во Република Македонија, Олег Шчербак го изрази своето задоволство од соработката на проектот Јужен тек и системот за гасификација на Македонија, најавувајќи дека овие проекти ќе дадат енергетска стабилност на повеќе години, а исто така и нови работни места.
Амбасадорот нагласи дека во Република Македонија се нудат големи поволности за инвестирање и најави дека руски бизнисмени во мај ќе ја посетат Битола, со цел да се запознаат со можностите за инвестиции во оваа општина.
„Амбасадорот ме информираше дека во мај доаѓа руска делегација инвеститори кои што потенцијално ќе ги разгледаат сите индустриски зони, сите можности и аспекти. Со сите поволности кои што ги дава Владата и општина Битола, убеден сум дека некој од инвеститорите ќе се заинтересира за Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.