УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПРАЗНУВА

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПРАЗНУВА

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, свечено беа прогласени тројца нови почесни професори: проф. д-р Алекса Бјелиш, ректор на Универзитетот во Загреб, проф. д-р Мајкл Дозер, физичар во ЦЕРН и проф. д-р Петер Рау од Филозофскиот факултет во Скопје. На свеченоста присуствуваше и Градоначалникот на Општина Битола кој потсети на поддршката која ја даде локалната самоуправа за сместување на неколку факултети на универзитетот во делот на касарната.
На свеченоста беа доделени и награди за најдобрите дипломирани студенти за оваа година, како и награди од Конкурсот за најдобар истражувачки есеј и труд.