Започна реализацијата на проектот за „адаптација и рехабилитација на магистралната улица Новачки пат како дел од Р- 509 делница Битола – Новаци“. Рехабилитацијата на Новачки пат во овој дел на Битола е од голема важност, а истиот претставува продолжување на големиот проект во кој се изгради кружниот тек кај Дулие, комплетно беше реконструирана улицата Прилепска до автобуска и железничка станица, пробивањето на ул.Железничка, изградбата на дел од булеварскиот влез од страната на Скопје.
„Новачки пат го правиме преку Владата на Република Македонија, вредноста е 7 000 000 денари и тој е исклучиво го финансираат тие.
Овој дел е од особена важност, а за решавање на проблемот со коловозот претходеа големи и долготрајни подготовки. Се работи за должина од 1 км, а беше побарано и се реализира она што го побараа граѓаните од нас. Знаете дека ова е многу фрекфентно место и многу наши сограѓани во текот на денот поминуваат од овој дел. “- изјави Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески.
Градоначалникот Талески изрази особено задоволство за враќањето во форма на Македонија пат и верува дека ова е само почеток на една идна многу плодна соработка.
„Македонија пат заедно со Владата на РМ и со помош на општините полека застанува на здрави нозе и убеден сум дека со новата програма што ќе се направи во Владата на РМ и општините, Македонија пат ќе може максимално навистина многу да ни помогне. Затоа што изминатите неколку сезони практично ги пропуштивме и за жал тоа е на штета на сите нас. Сега мислам дека вака засилени, подобрени, одлично организирани како што гледаме и на самото место тие можат многу и работат квалитетно”, додаде Талески.
Рехабилитацијата на Новачки пат е со бенефит за голем број граѓани кои секојдневно го поиминуваат овој пат до РЕК – Битола, како и за граѓаните од Општина Новаци, дел од Могила, Логоварди, Долно Оризари, Карамани, Трн. Рехабилитацијата на овој пат е од особен значење и за идните проекти кои ќе ги реализира Општина Битола како изградба на голем откупен центар. Со завршувањето на Новачки пат, Општина Битола во изминатиот период изврши повеќе големи инфраструктурни зафати на голем број сообраќајници,а во завршна фаза е реализацијата на големиот пакет на улици предвидени за оваа градежна сезона. Напредок вореализацијата на програмата забележува и Македонија пат:
„Македонија пат и тимот успеаа да ги реализираат сите патни правци што беа за реконструкција и санација, сите се 100% завршени. Со овој патен правец завршува и предвидената програма за реконструкција и санација на патиштата. Сите средства предвидени за оваа година се реализирани. Морам да им се заблагодарам на вработените, ако временските услови дозволуваат и во идниот период можеме да продолжиме со активности“, изјави Гајур Кадриу директор на Македонија пат.
Градоначалникот на Општина Новаци, ја потврди важноста од реализацијата на овој проект:
„Овој пат е многу важен и многу фрекфентен, а оваа акција е добродојдена. Ќе продолжиме и натаму бидејќи кај река Црна имаме едно свлечиште поради што треба да се направи и тој пат, а истиот планираме да го направиме идната година“, изјави Лазар Котевски Градоначалник на Општина Новаци.
Активностите за адаптација и рехабилитација на Новачки пат се очекува да завршат за 7-10 дена.
=””>