СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА БУКОВСКИ МОСТ

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА БУКОВСКИ МОСТ

Деновиве започнаа активностите за реконструкција на коловозот на ул. Буковски мост. Во претходната фаза извршена е промена на водоводната мрежа во должина од 450 метри во вредност од 805 910 денари. Градоначалникот на општина Битола денеска на терен информираше за текот на активностите:
„Долго време граѓаните бараа интервенција, затоа што овој дел беше небезбеден. Затоа интервениравме со водоводна мрежа и пешачка патека, а покрај преасфалтирањето на оваа улица во должина од 550 метри во вредност од 2 800 000 денари, ќе се направи уште една пешачка патека. Со мештаните од оваа населба направивме една убава интервенција и мислам дека тоа многу им го подобрува животот, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
Мештаните го потврдија големото задоволство од реализацијата на овој проеект. Градежните активности интензивно продолжуваат на целата територија на општина Битола и во идниот период. За 10 тина дена започнува изградбата на новиот кружен тек на ул. Васко Карангелевски, како и реконструкција на ул. Столарска до Здравствен дом.