РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „ЦРН МОСТ “

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „ЦРН МОСТ “

 

   Во рамките на комуналните активности на Општина Битола се постави нов асфалт на мостот така наречен „Црн мост” со што ќе се подобри непреченото движење  на автомобилите на овој фреквентен дел од градот.
Градоначалникот Талески на лице место ги следеше активностите  околу реконструкцијата која ја изведуваше ЈП „Нискоградба”. Исто така ја најави изградбата на новиот современ мост „Црн мост“ кој ќе се користи за сообраќај а стариот за движење на пешаците.