СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА ПРОХОР ПЧИНСКИ

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА ПРОХОР ПЧИНСКИ

Нова канализациона, водоводна мрежа и нов коловоз ќе добие улицата Прохор Пчински. Оваа е само една од предвидените над 100 улици кои треба и понатаму да придонесат кон значително подобрување на инфраструктурната слика во Општина Битола.

„Ова е стара населба и во некои од улиците како што мештаните ги правеле куќите, според можностите поставувале и канализациона мрежа. Ние работиме според стандарди, оваа канализациона мрежа ќе ја продолжиме и во долниот дел бидејќи таму има мал пречник кој неможе да ги опфати сите потреби на населбата, затоа што потребите растеле со зголемувањето на населбата. Сакаме да имаме чиста населба која неколку децениции нема да има потреба од интервенции, изјави Градоначалникот М-р Владимир Талески на денешната прес конференција на улицата прохор Пчински.

Вкупната финансиска конструкција за водоводна, канализациона мрежа и преасфалтирање изнесува околу 4 500 000 денари.