Во Битола нема опасност од поплави, затоа што каналската мрежа е исчистена. Големите проблеми пак, со шумските пожари кои најчесто се појавуваа летниот период во општина Битола се надминати. Ефикасноста е зголемена со максимална концентрација на превентивниот дел. Во таа насока беше и денешниот состанок на центарот за управување со кризи:
„Задоволен сум од работата на ЦУК и дирекцијата за управување со кризи затоа што знаете колку проблеми имавме во изминатиот период Моравме да најдеме начини од повеќе аспекти кои не направија многу поефикасни. Се концентриравме главно на превентивниот дел. 2012 во однос на 2011 год е за 80 пожари пократка, односно толку пожари имало помалку. Тоа се должи на неколку превентивни реакции, неколку засеци – парцели за да можат пожарникарите да одат и интервенираат, а пожарите да неможат да влегуваат од една во друга парцела и спроведивме многу обуки. Направивае една набљудувачница во НП – во Ротино што реално е важно и помага при брзата реакција. Посетени се 41 село каде што често имало пожари. Општината се потруди да ја опремиме ТППЕ. Вчера имавме донација на 33 заштитни костими, специјални униформи кои гарантираат 100 % заштита од пожарите. Поставивме поставени се хидранти и на еден дел голем резервоар. Со проектот за прекугранична соработка се поврзавме Битола, Прилеп, Лерин и уште еден субјект од Грција, покрај заштитната опрема има и една софистицирана опрема која ќе се вклучи наскоро, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
Користејќи го минатото искуство, договорот за заштита од пожари се прави во месец март и истиот надополнет со поставениот сателит за лоцирање на пожарите овозможува превентивно делување.