Официјално отпочна проектот „Рециклирај ПЕТ-менувај ги навиките во животот„

Официјално отпочна проектот „Рециклирај ПЕТ-менувај ги навиките во животот„

 

   Поставени се 32 наменски контејнери за собирање отпадни пластични шишиња на различни локации низ градот ( види флаер) кои ЈП Комуналец тековно ќе ги собира и рециклира.
Проектот опредвидува и едукативна кампања за подигање на јавната свест која ќе се реализира во Основните училишта со сите ученици од 1-во до 3-то одделение. За ние е изработена боенка која на креативен начин ќе им објасни зошто и како се рециклираат отпадните пластични шишиња.
Симболично на денот на отпочнување на проектот, вработени во Општина Битола , ЈП Комуналец и НВО Биосфера поделија кеси по индивидуалните домови за собирање пластични шишиња а беа наградени и учесниците на прертходно распишаниот ликовен и литературен конкурс на темата “Со секое рециклирано шише планетата полесно дише“.