ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

 Градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, денес во холот на Центарот за култура, ја отвори изложбата на ракотворби на лицата со инвалидитет. Ги поздрави оние кои беа дел од организацијата на овој настан, како директорот на канцеларијата на УСАИД во Р.Македонија г-дин Мајкл Стивејтер, претседателот на Здружението на лица со телесен инвалидитет ,, МОБИЛНОСТ ’’ д-р Нико Јанков, претседателот на Локалниот економско социјален совет на Општина Битола г-дин Томислав Давков, и останатите присутни.
     Подоцна во малата сала на Центарот за култура се оддржа и трибина на тема: Закон за вработување на лица со телесен инвалидитет.