ПРОМОВИРАН ТЕЛЕВИЗИСКИ СПОТ ЗА БОРБА БРОТИВ ХЕПАТИТИСОТ

ПРОМОВИРАН ТЕЛЕВИЗИСКИ СПОТ ЗА БОРБА БРОТИВ ХЕПАТИТИСОТ

Со цел едукација и превенција од хепатитот, граѓанската организација „Хепар – центар“ од Битола денес промовираше телевизиски спот во кој учествуваат 15 јавни личности, а истиот е изработен со поддршка од општината Битола. Спотот е во режија на Владимир Дади Ивановски, а во него се појавуваат Сашко Коцев, Митко Апостоловски, Петар Горко, членови на групите Паркети, Памперс, Нокаут, Морал, Катерина Ивановска, мис на Македонија за 2013 – Христина Спасеновска, Роберт Насков и други.
„Идејата на Хепар центарот ја прифативме и ја поддржуваме од самиот почеток. Милан преку својот Хепар центар Битола ја запиша во Гинис. Ова е уште еден креативен пристап во решавањето на еден голем проблем, но и меѓународна промоција на нашата општина, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
 Спотот наскоро ќе биде прикажан во Берлин и Лондон, а истиот е преведен на 15 светски јазици.