ЗАПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА УЛИЦА „ЖЕЛЕЗНИЧКА“

ЗАПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА УЛИЦА „ЖЕЛЕЗНИЧКА“

Во присуство на Градоначалникот Талески и директорите на јавните претпријатија во градот започна пробивањето на улица Железничка  со уривање на спорните три куќи кои се наоѓаат на трасата каде што треба да поминува улицата.  Со оваа улица ќе се растовари сообраќајниот метеж со тешки товарни возила во градот.