ПРИЕМ НА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА ВО КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

ПРИЕМ НА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА ВО КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

 
Македонската репрезентативка во стрелаштво Оливера Наковска Бикова, заедно со колегите од македонската експедиција од Параолимпијадата во Лондон и тренерот Бранислав Јовановски денеска имаа средба со Градоначалник на Општина Битола м-р Владимир Талески. Градоначалникот уште еднаш честитајќи и го големиот успех на Оливера Наковска Бикова и подари икона со ликот на отец Свети Нектариј Битолски посакувајќи и заштитникот на градот да и донесе уште многу успеси и на олимпијадата во 2016 година. Општина Битола во континуитет продолжува со поддршка на Наковска – Бикова, како и со вложување во создавање подобри услови за редовни тренинзи за стрелаштво.