ТРАДИЦИОНАЛЕН ОСМОМАРТОВСКИ ПРИЕМ НА ЖЕНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА

ТРАДИЦИОНАЛЕН ОСМОМАРТОВСКИ ПРИЕМ НА ЖЕНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА

И оваа година градоначалникот на општината Битола, д-р Владимир Талески организираше традиционален прием на женските невладини организации и здруженија. На средбата се разговараше за најновите проекти кои ги реализираат организациите и здруженијата, за соработката со општината, а градоначалникот испрати и честитка по повод меѓународниот ден на жената:
„Ја користам оваа можност да го честитам осми март на сите мајки, жени, сопруги, ќерки, на сите жени кои прават на планетата да има топлина и љубов. Женскиот свет ја има Божјата дарба да раѓа и раѓа убави работи. Во таа смисла, многу е значајно што во Битола имаме голем број женски организации во кои што на свој начин, по свое убедување и по свои критериуми прават проекти, планови, даваат сугестии и се многу активни. Им го честитам на сите жени осми март и убеден сум дека ова е само ден за честитање, а сите 365 дена секако се на жената“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.