ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА –МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ” СЕ ОСНОВАЛ ВО БИТОЛА И ЌЕ СЕ ОДДРЖУВА ВО БИТОЛА

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА –МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ” СЕ ОСНОВАЛ ВО БИТОЛА И ЌЕ СЕ ОДДРЖУВА ВО БИТОЛА

Градоначалникот Талески заедно со  директорот на Кинотека Македонија  Мими Илиевска  и советникот Илинденка Петрушевска оддржа прес пред изборот на новиот директор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки” потсетувајќи уште еднаш  на принципот дека натпреварувачкиот дел на фестивалот со сите свои пропратни манифестации треба да се одржуваат во Битола.
„Веднаш  по изборот на новиот директор се договоривме со Кинотека и Министерството за култура   и Општина Битола, ќе потпишеме меморандум , односно ќе донесеме нов статут за да функционира Фестивалот.  Една од идеите е да се направи институција со постојан директор кој ќе го организира Фестивалот.” – изјави Градоначалникот  Талески.
Со ова ќе се избегнат минатогодишните експерименти со фестивалот и ќе сочува достоинството на овој фестивал кој оваа година  го слави своето јубилејно издание.