ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РМ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РМ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

 

    Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, Министерката за култура Елизабета Милевска, Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, Градоначалникот Владимир Талески, пратениците Анета Стефановска и Никола Котевски ја започнаа посетата на Битола од Античкиот локалитет Хераклеја Линкестис каде се запознаа со она што беше ново откриено во изминатиот период.
Потоа се упатија кон новоотворениот рудник Брод – Гнеотино, каде беше свечано  означен почетокот на транспортот на јаглен  од Брод-гнеотино кон термо електраната на РЕК Битола. Исто така ги посети и термоелектраните и ФОД.
Исто така Претседателот Никола Груевски, Градоначалникот Талески и директорот на ЈП за стопанисување со јавен и деловен простор Иван Јолевски поставија камен темелник на новата зграда во која се предвидуваат нови 70 станови за социјали категории.
На крај следеше посета на пекарскиот комбинат  „Млин Стојчев“ каде се запознаа со новата технологија на производство на леб .