ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

 Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во придружба на Градоначалникот Талески и директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Волкановска  го пушти во употреба локалниот пат Долно Оризари – Карамани – Трн во Oпштина Битола во должина од 6,5 километри, што е дел од проектот на Владата за реконструкција на регионални и локални патишта.
Премиерот изјави дека од проектот за реконструкција на регионалните и локалните патишта за Општина Битола се предвидени вкупно 2.162.000 евра за изградба на 11 локални патишта.
Градоначалникот  Талески  го истакна задоволството од досегашната соработка со Владата на РМ  во реализацијата на повеќе проекти : индустриска зона „Жабени“ , реконструкцијата на патиштата Битола – Пoешево, патот до селата Велушина, Олевани, Братин Дол, како и патот од клучката на главниот пат до Ротино, Горно Српци, Рамна и Лера.
Во иднина ќе се  реконструираат  и патиштата до селата Крстоар, Лавци, Буково, Горно Оризари – Крклино, Кукуречани – Црнобуки, Граешница – Кишава и Кажани – Ѓавато.