11 ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА ЗА ЛИКОТ НА НОВИОТ СТАДИОН ПОД ТУМБЕ КАФЕ

11 ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА ЗА ЛИКОТ НА НОВИОТ СТАДИОН ПОД ТУМБЕ КАФЕ

Фирмата задолжена за изработка на основниот проект за стадионот во Битола со капацитет од 12 000 гледачи денеска на работен состанок со стручните служби во општината ги презентираше изготвените 11 предлог решенија за новиот изглед на стадионот под Тумбе кафе. Проектната документација треба да биде завршена за 120 работни денови, а проектот ќе биде изработен според меѓународни стандарди, согласно урбанистичкиот план и инфраструктурните услови кои постојат во тој дел.
„Денеска во општината ги презентиравме можните предлог решенија за стадионот. Согласно распишаната тендерска документација имаше зададена широка проектна програма кој што е во согласност со меѓународните стандарди, односно со категоризацијата на овој тип на објекти, од документацијата на ФИФА и УЕФА и е предвиден за одржување на натпревари од втора категорија што подразбира дека сите меѓународни натпревари на нашата државна младинска селекција ќе биде возможно да се одржуваат тука, како и од клубските фудбалски натпревари да може во европските купови да се одржуваат натпреварите во Битола. Исто така, во нашите предлог решенија се дадени решенијата за одржување на атлетските натпревари и тоа се до ранг на балкански првенства согласно со можноста и расположливата површина која што сега ја имаме на располагање“, изјави Предраг Андонов, архитект од фирмата Мегарон Инженеринг задолжена за изработака на основниот проект и проектната документација за стадионот во Битола со капацитет од 12 000 гледачи.
Со оваа инвестиција, општината Битола и градоначалникот Талески продолжуваат со инвестициите во спортот, а со тоа и реализацијата на проектот:Битола спортски град.
„Пријатно сум изнанаден од луѓето кои што ги задолживме да изготват проектна документација, затоа што првичниот договор беше првите идеи да ги имаме во март, април, но тие веќе се тука. Убеден сум дека ќе завршат и побрзо. Оваа локална самоуправа, одлучивме да издвоиме финансиски средства и да изнајдеме начин да го реализираме овој проект. Спортот го поддржуваме максимално колку што можеме, но оставаме и на управите и на спортистите да го направат своето. Овој проект според договорот е над 6 500 000 денари и вклучувајќи ја сумата за поддршка на клубовите и останатите интервенции во другите објекти, како што е на пример спортската сала, 2014 година ќе се заврши со 30 – 35 000 000 денари или повеќе од половина милион евра за спортот во Битола. Мислам дека во 2014 година ќе бидеме во можност да ги видиме првите конкретни директни активности и тоа ќе го направиме фазно. Очекувам летниот период да бидат распишани првите тендери за реализација на големиот комплекс, односно стадионот под Тумбе кафе, така што оваа локална самоуправа ќе го обележи периодот со тоа што во Битола ќе има содржина која што досега никогаш не постоела. Верувам дека тоа ќе биде на задоволство на сите наши граѓани, на вистинските навивачи и на сите спортисти кои очекувам во иднина да носат врвни резултати“

, изјави градоначалникот на општината Битола, д-р Владимир Талески.