ОТВОРЕН СТУДЕНТСКИ „ИНФО – КЛУБ“

ОТВОРЕН СТУДЕНТСКИ „ИНФО – КЛУБ“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и постојаниот претставник на Обединетите Нации во Република Македонија Луиза Винтон, денес на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола отворија студентски „Инфо-Клуб“.
Инфо-клубот во Битола е четврт по ред затоа што претходно веќе се отворени вакви центри во Штип, Скопје и Тетово, кои се во рамките на тамошните универзитетски комплекси.
„Преку овие инфо-клубови сакаме да ја покажеме важноста информацијата за соодветно вработување и слободните работни места во Република Македонија. Студентите побрзо и полесно да дојдат до сите релевантни информации битни за нивното следно вработување и почеток на кариерата. Во оваа прилика сакам да ги нагласам ефектите од мерката за ослободување од плаќање придонеси за период од 12 месеци за приватните компании кои ќе вработат млад  човек до 29 години и притоа за неколку месеци се вработија 4.300 млади луѓе кои токму на овој начин побрзо стигнаа до работа. Оваа владина поволност ќе се применува до месец март 2016 година и очекуваме максимална искористеност од страна на приватните компании, рече министерот Диме Спасов.
Овој најнов проект е во функција на побрзи нови вработувања за што соодветен придонес дава и локалната самоуправа.
„Со долготрајната транзиција и лошо спроведената приватизација регистриравме голема невработеност во Република Македонија. Во соработка со Владата, ние како општина преземаме голем број на активности и имаме многу добри резултати на овој план, иако е потребно уште да се работи. Со нашата стратегија за млади што ја практикуваме во општина Битола, како и со формирањето на младински совети ќе овозможиме начин работодавачите да ги пронајдат своите кадри меѓу младите луѓе, и обратно, младите луѓе со свето знаење да се пронајдат на пазарот на трудот“, рече градоначалникот Талески.
Студентскиот Инфо-клуб при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе овозможи брзо информирање за сите актуелни, но и студентите кои ќе дипломираат за брзо пронаоѓање на работа.