Парламентарна делегација од Р.Турција предводена од претседателот Коксел Топтан оствари официјална средба со Градоначалникот Талески. На средбата се разговараше за продлабочување на соработка на Битола со збратимениот град Бурса и можноста за соработка со други градови, како и интензивирање на соработката во делот на туризмот и стопанството.
Делегацијата од Р Турција ја посети и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк и студиото каде се снима познатата турска серија Збогум Румели.