ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ЖАБЕНИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ЖАБЕНИ

Два големи поводи за посета на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на Битола. Првиот, да  види до каде е снимањето на новиот филм на Столе Попов, како и до каде се подготовките за почеток на Фестивалот Браќа Манаки чиј Покровител е Претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов, но и да провери како напредува големата инвестицијата во Битола, која создава перспективи пред се за младите и луѓето кои се определиле за техничките струки. Претседателот во Индустриската зона Жабени изјави:„Ваква фабрика во нашиот регион е реткост, а тоа што гледаме како напредува изградбата укажува дека поволностите и условите кои се дадени за градба и за ваква инвестиција одат во прилог на тоа дека ова ќе биде пример и за другите инвеститори да видат кои поволности ги нуди државата и општината, да дојдат странски инвеститори, да инвестираат, а со тоа и да создадат еден поинаков амбиент“.

Градоначалникот Талески најави дека очекува во летниот период од Општина Битола да бидат потпишани 3-5 одобренија за градба, со што инвеститорите ќе се стекнат со право веднаш да почнат со градба. Во моментот тие работат на докомплетирање на потребната документација.