Министерката за внатрешни работи на РМ, г-ца Гордана Јанкуловска, беше во еднодневна работна посета на Битола

Министерката за внатрешни работи на РМ, г-ца Гордана Јанкуловска, беше во еднодневна работна посета на Битола

 

   Министерката за внатрешни работи на РМ, г-ца Гордана Јанкуловска, беше во еднодневна работна посета на Битола при што го посети Кабинетот на Градоначалникот Талески, како и “Работилницата за превенција од дрога” во организација на Одделот за развој на Полиција од Набљудувачката Мисија на ОБСЕ. Беше разговарано за решавање на проблемот со дрогата во Битола, преку овозможување на координација во заедницата и заеднички ангажман.