Делегација од Општина Битола предводена од Градоначалникот Талески и Претседателот на Советот Лилјана Кузмановска беше во официјална посета на грдаот Кременчук –Украина. Поводот за посетата беше потпишување на Меморандум за развој на меѓусебните односи и соработка помеѓу градовите Битола и Кременчук –Украина. Делегацијата имаше средба со Градоначалникот на Кременчук Микола Глухов и претставници на Советот. Оваа е нивна прва средба и договор за натамошна успешна соработка.