ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Премиерот Никола Груевски, министерот за образование Панче Кралев и Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески, официјално ја пуштија во употреба спортската сала во Средното земјоделско општинско училиште „Кузман Шапкарев“.  Со овој настан земјоделското училиште кое оваа година слави 104 години од своето постоење, ќе добие квалитетна настава по физичко образование во спортска сала изградена според европски стандарди.
Во Клиничката болница Битола беше извршено промовирање на новата опрема: компјутерска томографија, магнетна резонанца и литотриптер, апарати чија вкупна вредност е 3.5 милиони евра.  Министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека новата опрема во болницата веќе успешно се користи, а досега се изведени од 20 до 50 интервенции по апарат, персоналот е обучен, а во континуитет се едуцира и друг персонал.  
Премиерот Груевски при денешната посета на Битола, потврди дека иако Владата обезбеди дел од сумата за изградба на ИЗ Жабени, сепак главната заслуга за инвестицискиот бум кој се случува во зоната е на Градоначалникот Владимир Талески и неговите соработници кои континуирано вложуваа напори и се ангажираа Општина Битола да добие нови капацитети кои ќе овозможат вработување на многу невработени граѓани.
Премиерот Груевски до Градоначалникот Талески испрати и јавна честитка за неговата успешност во убедувањето на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“, да остане во Република Македонија, да инвестира во Битола, во ИЗ Жабени.