Градоначалникот Талески оствари прва работна средба со шефот на ДЕУ Аиво Орав на која се разговараше за прекуграничната соработка и можностите за соработка и реализација на проекти со соседните земји преку ЕУ фондовите.
Амбасадорот Орав задоволен од гостопримството во Битола како и досега реализираните европски проекти кои се во насока на постигнување на европските стандарди.
Градоначалникот Талески му врачи на амбасадорот Орав плакета со грбот на општината во знак на посетата.