НЕ БЕРНАР ВАЛЕРОВ АМБАСАДОРОТ НА Р.ФРАНЦИЈА ВО РМ, ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

НЕ БЕРНАР ВАЛЕРОВ АМБАСАДОРОТ НА Р.ФРАНЦИЈА ВО РМ, ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

 

   Градоначалникот Талески оствари работна средба со НЕ Бернар Валеров заедно со неговите соработници, Регионалниот центар за управување со кризи и  Противпожарната единица. Цел на разговорот беа да се предложат идни проекти  во функција на продлабочивање на соработката во делот на цивилната заштита.
Потоа следеше церемонија на предавање на донацијата теренско противпожарно возило за потребите на противпожарната единица во Битола од страна на Амбасадата на Р.Франција во РМ. На донацијата и претходеше еднодневна обука наменета за персоналот на противпожарната единица, организирана од француски специјализирани обучувачи кои специјално пристигнаа од Франција.