АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Амбасадорот на Австрија во РМ Н.Е. д-р Томас Михаел Бајер беше во дводневна официјална посета на Битола , на која  се сретна со Градоначалникот Талески. На средбата се разговараше за досегашната соработна на Битола и Австрија како и можностите за идна соработка во делот на економскиот развој и културата.
Оваа година се планира официјална посета на делегација од Битола во Виена каде пред бизнис секторот  ќе се презентираат можностите за инвестиции во ИЗ „Жабени“, Касарната, Ниже поле.