Por Ché Ne Trio е космополитски микс од три силни музички карактери, секој од нив икона за традиционална музика во својата земја Аргентина, Италија и Македонија.
Љубовта и страста кон џезот и сите негови форми ја изразуваат преку изведба од Јохан Себастијан Бах и сите форми на контрапункт, хармонија и организација на мотив до балкански ритам со негови мелодии.
Нивната музика претставува трансферзала помеѓу три држави со оригинални композиции.
Во својата година дена на постоење, космополитскиот микс Por Ché Ne Trio има настапувано на различни места во светот како, Аргентина, Америка, Европа, Балканот и Македонија.
Битолската публика во дворот на Магазата имаше задоволство да ужива во прекрасната вечер со звуците на космополитскиот микс од музичките култури на Македонија, Аргентина и Италија симпатично украсена со талентот на младиот Симеон Петров-труба и прекрасниот вокал на Елена.
Por Ché Ne Trio е дел од програмата на серијата бројни концерти на самото одбројубање од десеттиот БИТ ФЕСТ 2015.