Со средства на општината, Амбасадат на Р.Германија во РМ и спонзорство на германски фирми беше поправен механизмот на градскиот часовник така да битолчани ќе имаат можност секој ден на пладне да ја слушаат битолската химна „Битола мој роден крај“ на Ајри Демировски.
Во присуство на Градоначалникот Талески , Амбасадорката на Р.Германија во РМ НЕ Улрике Кноц беше пуштен во употреба ревитализираниот механизам на градскиот часовник.