ПОДГОТОВКА НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА

ПОДГОТОВКА НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА

Како дел од проектот:Вклучување на младите во процесите на донесување одлуки и младинско информирање, денес во општина Битола започнаа подготвителни активности за изработка на локална младинска стратегија. Проектот е дел програмата на градоначалникот на општина Битола, а истиот се реализира во соработка со агенцијата за млади и спорт и УНДП.
„Денес организираме фокус група, како дел од процесот на мапирање на потребите на младите во Битола. Нашата организација е партнер организација на програмата за развој на организацијата на обединетите нации, агенцијата за млади и спорт и општината Битола во процесот на креирање стратегија за млади на општината Битола“, изјави Ивана Давидовска од Центар за меѓукултурен дијалог.
Во текот на овој процес ќе следуваат повеќе анализи и испитувања кои ќе резултираат со предлог стратегија за млади која ќе треба да биде усвоена од Советот на општината Битола:
„Неслучајно, ова е еден од проектите кои што се во нашата програма. Токму поради големата важност. Почнуваме со мапирање на потребите и состојбите, а потоа ќе следуваат неколку средби. Од стратегијата ќе произлезат понатамошните насоки за формирање на дополнителни тела, како на пример младински совет. Главната цел на проектот е вклучување на младите во процесите на информирање и одлучување“, изјави градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески.