СРЕЌНА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ УЧЕНИЦИ!

СРЕЌНА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ УЧЕНИЦИ!

На почетокот на новата учебна година градоначалникот на општина Битола ги посети учениците во ОУ Александар Турунџев во с.Кукуречани, посакувајќи им многу успех во учебната 2014/2015 година. Оваа учебна година, бројот на првачиња во општината е зголемен за 4 ученици:
„Овде сме да им посакаме многу здравје и успех, пред се на првачињата, а се разбира и на сите останати ученици, на наставниците и се разбира на сите оние кои што се грижат за добрата едукација на нашите поколенија. Во ова училиште зголемен е бројот на првачиња за 5 ученици во споредба со минатата година, што значи дека подобрувањето на условите во училиштата, како и подобрувањето на стандардот на родителите, луѓето ги задржа во ова место и тие формираат семејства. Се радувам на оваа бројка и верувам дека секоја година таа бројка ќе се зголемува. Ја користам оваа можност да им посакам на сите деца успешна година со многу петки, на родителите да им посакам многу здравје. Им посакувам и на средношколците многу здравје и успех и да им се остварат сите соништа. Нека е среќна новата учебна година“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Во централното училиште во с. Кукуречани извршени се значителни инфраструктурни подобрувања при што во соработка со Сокотаб, изградена е нова спортска сала, извршена е промена на дограмата, со што условите во училиштето значително се подобрени. Градоначалникот Талески денес го посети и ОУ Ѓорѓи Сугарев, каде што присуствуваше на промоција на донација од невладина организација од Шведска која се однесува на реконструкција на тоалетите кај децата со посебни потреби, како и продолжување на донацијата од 350 оброци дневно за учениците од ова училиште. Донаторите нагласија дека и во понатамошниот период ја продолжуваат соработката со општина Битола во насока на понатамошни инвестиции во подобрување на квалитетот на воспитно образовниот процес.
Вкупниот број на првачиња во општина Битола оваа година изнесува 1022.