ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКОТО ПЧЕЛАРСТВО

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКОТО ПЧЕЛАРСТВО

Денеска на Плоштадот Магнолија започна одбележувањето на 17 по ред денови на македонското пчеларство „Битола 2014“. Годинава на оваа традиционална манифестација ќе се претстават 20 учесници. Како најголеми проблеми со кои се соочуваат пчеларите ги нагласија временските услови, но и фалсификаторите на мед. Општина Битола и понатаму продолжува со својата поддршка на пчеларите во организацијата и реализацијата на промотивните настани со кои им се овозможува на пчеларите да ги промовираат своите производи, а со тоа дополнително да се влијае кај граѓаните за користење на здрава храна.
„Општина Битола ги поддржува пчеларите во делот на презентација на нивните производи. Нашата поддршка за користење на здрава храна продолжува и понатаму. Во делот на проблемите со кои се соочуваат им даваме максимална поддршка во нивното решавање, но тоа мораат да го направат во соработка со стручните луѓе“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески кој традиционално ја поддржува реализацијата на манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“.
Во Битола со пчеларство се занимаваат над 300 пчелари.