ОТВОРЕН ДЕН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ВО БИТОЛА

ОТВОРЕН ДЕН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ВО БИТОЛА

Во административните простории на Општина Битола, од 9 до 17 часот се одржа Отворен ден на Министерството за образование и наука.
Во рамките на отворениот ден граѓаните остварија повеќе средби со раководни лица од Министерството и понудија свои предлози и сугестии за состојбите и перспективите во оваа сфера.
Отворениот ден на Министерството за образование го посетија и остварија средби со повеќе заинтересирани граѓани, Градоначалникот Талески и Министерот за образование Перо Стојановски.