ОТВОРЕН ДЕН ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ОТВОРЕН ДЕН ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Градоначалникот на општината Битола, директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските сектори и одделенија во рамките на денешниот отворен ден со граѓаните реализираа средба со 30 граѓани. Тоа што е специфично за денешниот ден е тоа што граѓаните изнесуваат повеќе предлози и сугестии за инфраструктурни и други проекти кои и понатаму би придонесувале во разубавување на општината Битола. Најголемиот дел од граѓаните сакаа да остварат средба со градоначалникот, но најголемиот дел од изнесените идеи, сугестии и предлози беа разгледувани заедно со останатите стручни служби. За идеите кои се прифатливи, реални и од интерес на општината ќе се разгледа можноста за реализација.