ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Општина Битола продолжува со својата редовна комуникација со граѓаните. По иницијатива на градоначалникот, а како дел од општинската програма за работа неколкупати месечно општината организира отворени денови за граѓаните. На денешниот отворен ден над 20 граѓани ја посетија општината изнесувајќи ги своите мислења и забелешки, давајќи пофалби и сугестии, но секако и барајќи решение на некои од своите проблеми. На денешните средби беа изнесени барања од областа на урбанизмот за покомплексни прашања за кои се договорени и дополнителни состаноци, од делот на комуналното уредување, како и други барања за решавање на лични проблеми и потреби.
Помеѓу присутните, дојдоа и граѓани кои го изразија своето задоволство од неодамнешното започнување со работа во фабриката „Кромберг и Шуберт“, каде што започна со работа нова производствена линија, а бројот на нововработени континуирано се зголемува.
Отворениот ден започна во 13.00 часот, а граѓаните имаат можност за своите потреби, барања и предлози да разговараат со градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески, раководителите на општинските сектори и одделенија и директорите на јавните претпријатија од општината.