ОТВОРЕН 35 ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

ОТВОРЕН 35 ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

На 13 септември во центарот за култура свечено беше отворено 35 јубилејно издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Покровител на фестивалот е Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Специјалната награда „Златна камера 300″ за особен придонес во светската филмска уметност и беше врачена на овогодинешната ѕвезда на ИФФК и една од најпознатите и најнаградувани светски актерки, оскаровката Жулиет Бинош.
„Благодарам Македонија, ви благодарам за гостопримството. Кинематограферите се исклучително важни бидејќи најмногу влијаат врз тоа како ќе заврши филмот, и тие мора да пронајдат посебен филмски јазик што ќе се разликува од другите филмови. Прекрасните режисери и кинематографери што ги запознавам овозможуваат не само да се изразам, туку и да влезам во потрага по вистината, да ја допрам и пронајдам таа вистина, рече меѓудругото оскаровката Бинош.
На фестивалската сцена во Битола бурно беа поздравени и двајцата лауреати кинематограферите Крис Менџис кој доби „Златна камера 300“ за животно дело и Лука Бигаци, добитник на Специјалната награда „Златна камера 300“.
Фестивалот се одржува под мотото „Кон ѕвездите“ и донесува богата програма од 76 филмови.