ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ОСТВАРУВАЊАТА НА ОПШТИНАТА ВО 2009 ГОД.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ОСТВАРУВАЊАТА НА ОПШТИНАТА ВО 2009 ГОД.

Градоначалникот Талески на прес даде отчет за остварувањата на општината за 2009 година односно поминатите 365 дена од вториот мандат. Акцент во 2009 беше ставен на реконструкција на постојната инфраструктура како и оизградба на нови инфраструктурни објекти.

За оствареното во 2009 година беше промовиран Годишен финасиски извештај преку кој граѓаните како даночни обврзници ќе имаат можност да видат каде и за што се инвестирани нивните средства.